Свет Сè поголем е бројот на загинати во Нагорно Карабах

Сè поголем е бројот на загинати во Нагорно Карабах

Властите во Баку јавуваат за нови жртви во судирите во Нагорно Карабах, спорната територија меѓу Азербејџан и Ерменија. Бројот на загинатите се зголемил на 16 лица.

Сепаратистите, поддржувани од Ерменија, известиле дека во текот на судирите загинале 18 лица.
Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за порастот на насилствата.

Во меѓувреме, портпаролот на војската на Нагорно Карабах, Сенор Хасратјан, соопшти дека е постигнат прекин на огнот, кој стапи на сила во 10 часот. Претставници на САД, Русија и на Франција денеска во Виена ќе посредуваат во договорот за прекин на насилствата.

Судирите меѓу Азербејџан и Ерменија за Нагорно Карабах почнаа во текот на 1988 година, уште за време на Советскиот Сојуз. Во 1991 година изби војна која траеше сè до 1994 година, кога е договорено примирје, што во голема мера се почитува.