Свет Европа Се надевам дека договорот има широка народна поддршка, рече Лавров

Се надевам дека договорот има широка народна поддршка, рече Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави.

– Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна поддршка. Се надевам дека договорот кој вчера беше објавен е токму таков – изјави Лавров на прес-конференцијата во Москва со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Од своја страна, Коѕиас истакна дека надворешната политика на Грција е активна, демократска и повеќепланска. Според него, под овие услови, грчката влада го реши овој проблем со цел да се стави крај на долгогодишниот спор околу името.