Економија СДСМ: УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радио-дифузна...

СДСМ: УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радио-дифузна такса

Со кое право УЈП се заканува на повеќе од 27.000 граѓани и фирми, дека ќе им ја блокира трансакциската сметка заради наплата на радио-дифузна такса, прашуваат од опозицискиот СДСМ.

Според партијата, од последните податоци од листата на должници, Советот за радио-дифузија должи близу 800.000 евра.

– МТВ, според истата листа, должи повеќе од 1.700.000 илјади евра. А, повеќе од 180.000 луѓе во Македонија живеат со 40 денари на ден. Македонија, според на институтот „Като“, е дури 12. на листата од 180 земји по беден живот. Повеќе од 21.000 фирми веќе се со блокирани сметки. Но, и покрај ваквите состојби, лани УЈП блокираше повеќе од 20.000 сметки, меѓу кои и на граѓани приматели на социјална помош, па дури и на невработени – се вели во соопштението на СДСМ до медиумите.