Македонија СДСМ со митинзи во Тиквешијата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Полог

СДСМ со митинзи во Тиквешијата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Полог

Во рамките на шестиот ден од предизборната кампања за локалните избори, денеска Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Прилеп и во Росоман и митинзи во Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во Гостивар и Тетово.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе има предизборни активности во Брвеница и Теарце.