Економија СДСМ: 10.000 евра неповратни пари за младите со добра бизнис-идеја

СДСМ: 10.000 евра неповратни пари за младите со добра бизнис-идеја

Предвидуваме по 10.000 евра неповратни пари за млади луѓе со добра бизнис-идеја. Младите луѓе ќе добијат шанса во центрите за иновативни бизниси каде новоотворени компании ќе добијат бесплатен деловен простор, се вели со соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека ќе се овозможи отворање на фирма со само едно евро влог и ќе се обезбедат поволни кредити до 15.000 евра со само еден процент камата за отворање микробизнис.

– Најмалку 626.312 луѓе, меѓу нив најголем број млади, се иселија од Македонија поради тоа што не ја гледаа својата иднина во Македонија. Младите беа првите што јасно го кренаа својот глас против уништувачките политики на досегашната власт. Тие си ја бараат својата шанса за живот во родната земја – се додава во соопштението на СДСМ.