Свет Саудиски воен хеликоптер се урна во Јемен, 12 лица загинаа

Саудиски воен хеликоптер се урна во Јемен, 12 лица загинаа

Најмалку 12 лица загинаа при уривање на саудиски воен хеликоптер во Јемен, јави саудиската новинска агенција СПА.

Сè уште се истражува причината за падот на хеликоптерот, кој се урна во покраината Мариб, источно од Сана.

Ова е една од најголемите човечки загуби на саудиските сили во поединечен инцидент откако коалицијата на арапски држави поведе воени операции против движењето Хути во 2015 година, во обид да го врати на власт претседателот Абдурабу Манус Хади.