Главна секција Сателитот „Коперник“ направи снимки од регионот погоден од невремето

Сателитот „Коперник“ направи снимки од регионот погоден од невремето

Сателитот „Коперник“, кој бил ангажиран преку Механизмот на Европската Унија за цивилна заштита, направил сателитски снимки од подрачјата во Скопје и околината, погодени од невремето, кои треба да помогнат во справувањето со последиците.

Македонија вчера го активираше Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и во земјава треба да пристигнат технички експерти за води и канализации за да изврши проценка на предизвиканата штета и да даде препораки на властите за цивилна заштита на национално и локално ниво.

„Преку механизмот се обезбедени и сателитски снимки на зафатеното подрачје од сателитот „Коперник“. Кога ќе се добие финалната листа на потреби од страна на надлежните институции ќе се достави дополнително барање до механизмот за цивилна заштита“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).