Свет Свет САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

Швајцарските власти соопштија дека САД побарале екстрадиција на седумте претставници на ФИФА што во мај беа уапсени во Цирих.

Федералниот оддел за правосудство ќе ги сослуша седуммината за барањето за екстрадиција, а потоа остануваат 14 дена за да се одговори на барањето, но би можеле да добијат и дополнително време од уште две недели.

Барањето за екстрадиција се темели на сомнежот за мито и корупција од повеќе од 100 милиони долари.