Свет Европа САД ги предупредија граѓаните за ризикот ако патуваат во Европа

САД ги предупредија граѓаните за ризикот ако патуваат во Европа

На потенцијалниот ризик од патувања во Европа, ги предупредија САД своите граѓани, наведувајќи дека по Брисел, терористичките групи планираат напади и во други градови на континентот.

„Терористичките групи продолжуваат да планираат непосредни напади во Европа, а цел им се спортски настани, туристички места, ресторани и јавниот транспорт“, се наведува во предупредувањето изададено од Стејт департментот.

За тие американски граѓани што сепак ќе патуваат во Европа, Стејт департментот препорачува претпазливост на јавните места и при користењето јавен превоз, како и да ги избегнуваат местата на кои има метеж.