Свет Балкан САД даваат дополнителни 24 милиони долари за помош на бегалците во Европа

САД даваат дополнителни 24 милиони долари за помош на бегалците во Европа

Вашингтон одобри 24 милиони долари дополнителна помош за бегалците во Европа, изјави државниот секретар на САД, Џон Кери, во Атина.

Помошта ќе биде дадена преку УНХЦР, а ќе се употреби за прифаќање, храна и за сместување на бегалците, како и за помош на властите во проверување и во процесуирање на бегалците при доаѓање во Европа.

Кери во Атина го посети центарот за помош на жените мигранти и бегалци. Тој оцени дека мигрантската криза не е само грчка, европска или блискоисточна криза, туку светска и сите ја делат одговорноста.

Кери, пред Грција, ги посети Косово и Србија.