Свет Свет Руската полиција уапси стотина демонстранти во Москва

Руската полиција уапси стотина демонстранти во Москва

Руската полиција притворила најмалку 600 учесници на денешните протести во центарот на Москва, каде што околу илјада граѓани се собрале за да протестираат против корупцијата на политичарите, јавуваат светските медиуми.

На протестите во Санкт Петерсбург, организирани од рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, биле притворени најмалку 300 демонстранти. Навални бил приведен пред почетокот на протестите, соопштила неговата сопруга на нејзиниот твитер-профил.

Полицијата преку мегафон најпрво ги повикала демонстрантите да се разидат, по што следело апсење. Во нивна близина се наоѓале голем број луѓе кои го славеле Денот на Русија.

Припадниците на полициските сили претходно предупредиле дека сите провокативни акции на демонстрантите ќе ги сметаат за закана по јавниот ред и мир и тие ќе бидат сузбиени.

На слични демонстрации во март годинава, беа уапсени повеќе од 1.000 демонстранти.