Свет Свет Русија по преговорите во Лозана порача дека Сирија мора да остане цела...

Русија по преговорите во Лозана порача дека Сирија мора да остане цела и секуларна

Сиријците сами треба да одлучат за иднината низ инклузивен дијалог, а земјата треба да остане цела и секуларна, соопшти руското министерство за надворешни работи.

Оттаму соопштија дека за успех на руско-американскиот договор за примирјето, неопходно е да се одвои сириската умерена опозиција од Ал нусра фронтот и терористичките групи кои се поврзани со неа.

„Истовремено треба да се разбере дека воените операции против терористите на Исламска држава и на Ал нусра мора да се продолжат“, стои во соопштението.

Преговорите на претставниците на САД, Русија и на земјите од регионот на Сирија за мировно решение за сирискиот конфликт завршија синоќа по четири часа.

Овој состанок е уште еден обид да се најде дипломатско решение за сирискиот конфликт кој трае повеќе од пет години.