Свет Балкан Русија има одговорност да ја смири ситуацијата во Сирија, сметаат Меркел и...

Русија има одговорност да ја смири ситуацијата во Сирија, сметаат Меркел и Ердоган

Русија има посебна одговорност да ги смири судирите во Сирија и да му пружи шанса на политичкиот процес, се согласиле денеска во телефонскиот разговор германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Најновата офанзива на сирискиот режим, која се одвива со поддршка на Русија, дополнително ја влоши ситуацијата со цивилното население“, било наведено во соопштението испратено од канцеларијата на Меркел, а кое го пренесуваат светските агенции.

Русија вчера соопшти дека е подготвена за продолжување на мировните преговори за Сирија со САД, но Вашингтон се закани дека ќе ја запре соработката со Москва поради ескалација на бомбардирањето во Алепо.