Свет Балкан Ренци: Постојат услови за договор меѓу Грција и европските институции

Ренци: Постојат услови за договор меѓу Грција и европските институции

Можен е договор меѓу новата грчка Влада и европските институции, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци денеска, по средбата со грчкиот колега Алексис Ципрас.

Според Ренци, постојат услови за наоѓање заеднички јазик со европските институции за решавање на грчката економска криза.

Италијанскиот премиер вчера изјави дека дискусијата за економската политика треба „да се сврти од штедење кон пораст и инвестиции“. Ваквата изјава на Ренци, во Атина се оценува како позитивен сигнал.