Македонија Рекордни 317 нови случаи на ковид-19 денеска, од кои дури 182 се...

Рекордни 317 нови случаи на ковид-19 денеска, од кои дури 182 се од Скопје

Нов рекорд на регистрирани случаи од ковид-19 во земјава беше постигнат денеска. Загрижувачки 317 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во изминатово деноноќие од направени 1.990 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Дури 182 од новозаболените лица се од главниот град, при што Општина Центар со 210 и Општина Аеродром со 208 активни случаи се делови од Скопје во кои корона вирусот најбрзо се шири.

Покрај во Скопје, и во другите градови во изминатово деноноќие се регистрирани нови случаи на ковид-19, и тоа во: Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1 и Неготино-1 .

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1 и Кичево-1.

Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.892, од кои дури 1.166 се во Скопје.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.