Македонија Регистрирани уште 127 случаи на ковид-19, петмина починати и 60 оздравени

Регистрирани уште 127 случаи на ковид-19, петмина починати и 60 оздравени

Во изминатите 24 часа се направени 1.768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 , соопшти Министерството за здравство.

Најголемиот број од новодијагностицираните се од Скопје – 38 заразени, потоа е Куманово со 23, Прилеп 15, Гостивар 12, Тетово 8, Велес 5; по 3 нови случаи имаат Берово, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Штип, по 2 нови случаи имаат Пехчево и Струга, а по еден нов случај е регистриран во Дебар, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица, Виница и Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти. Најмногу се од Гостивар – 22, а следно е Скопје со 19; од Кавадарци се 11 од оздравените, од Битола 3, од Кичево 2 и од Дебар, Демир Хисар и Неготино по еден случај на оздравување.

Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69), двајца од Гостивар (77 и 63), еден пациент од Неготино (69) и еден од Скопје (70). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.799, бројката на оздравени пациенти е 10.210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.016.