Македонија Регистрирани се 495 новозаболени од ковид-19, починаа 13 лица

Регистрирани се 495 новозаболени од ковид-19, починаа 13 лица

Фото: Mufid Majnun на Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.145 тестирања, а регистрирани се 495 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 228, Кавадарци – 30, Велес – 27, Битола – 24, Штип – 21, Прилеп – 20, Куманово – 17, Крива Паланка – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Кичево, Гевгелија и Берово – по 10, Неготино – 7, Охрид и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Гостивар, Свети Николе, Радовиш и Ресен – по 4, Струга, Делчево и Демир Хисар – по 3, Струмица, Виница, Кратово, Богданци и Дојран – по 2, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 308 оздравени пациент од: Скопје – 143, Куманово – 28, Велес – 21, Прилеп – 17, Штип – 15, Битола – 14, Крива Паланка – 12, Кавадарци – 11, Струмица – 10, Кочани – 7, Кичево – 5, Радовиш, Делчево, Виница и Кратово – по 3, Неготино, Пробиштип и Ресен – по 2, Тетово, Гевгелија, Валандово, Свети Николе, Струга, Демир Хисар и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 81г и 86г), 2 починати лица од Куманово (63г и 74г) и по едно починато лице од Прилеп (98г), Битола (61г), Велес (36г), Кавадарци (73г), Охрид (69г), Кочани (69г), Пробиштип (63г) и Крива Паланка (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Направени се 4.145 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-55,
ЦЈЗ Тетово–66, ЦЈЗ Куманово-56, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–229, Жан Митрев (Филип Втори)-53, Авицена-201, Биотек-224, Систина-59, лабораторија Лаор-161, Синлаб-24, Ремедика-15, Плодност–43, Генеа-11, Никоб лаб-639, ВФВ Медикал-84, Ели Медика-54, Ројал Медика –30, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.695.

Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.