Македонија Регистрирани 137 нови случаи на ковид-19, оздравеа 131, починати се 10 лица

Регистрирани 137 нови случаи на ковид-19, оздравеа 131, починати се 10 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19, од кои во: Скопје 64, Куманово 7, Штип 19, Тетово 7, Струга 14, Битола 2, Охрид 5, Гостивар 6, Радовиш 2, Свети Николе 3, Кичево 4 и во Велес, Прилеп, Крушево и Демир Хисар по еден нов случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје 41, Штип 10, Тетово 11, Струга 25, Велес 3, Охрид 36 и Гостивар 5.

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години, во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82, 61 и 72 години. Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81-годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години, во ОБ Гостивар почина лице на возраст од 63 години, а во Филип Втори  пациент на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.547, бројката на оздравени пациенти е 5.071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.034.  Досега се направени вкупно 89.703 тестирања.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани има 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола има 33, а во болницата во Штип 46 примени пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга на лекување се 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.