Македонија Регистрирани 106 нови случаи на ковид-19, оздравеа 603 пациенти, починаа 20 лица

Регистрирани 106 нови случаи на ковид-19, оздравеа 603 пациенти, починаа 20 лица

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 761 тестирања, регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19, оздравени се 603 пациенти, а починаа 20 лица. Од новите случаи во Скопје се 72, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-3, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-6, Струмица-5, Радовиш-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-1.

Според Институтот за јавно здравје, од 603 оздравени пациенти, од Скопје се 230, Куманово-24, Дебар-5, Штип-18, Прилеп-51, Тетово-8, Струга-30, Велес-20, Битола-26, Охрид-54, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-11, Струмица-8, Радовиш-8, Кочани-10, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-7, Берово-4, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-4, Кичево-7, Ресен-3 и Неготино-20.

Од починатите 20 лица, четири пациенти се од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Сите се починати во болнички услови.

Според градови, во Скопје има најмногу заболени од ковид-19, 36.375 лица, од кои активни се 10.757. Следува Тетово со 4.788 сличаи од кои активни се 810 и Куманово со 4.775 случаи и 473 активни.

Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 84.129, на оздравени пациенти е 63.532, на починати е 2.550, а вкупниот број на активни случаи изнесува 18.047.