Македонија Регистрирани 102 нови случаи на ковид-19, 99 оздравени и пет починати лица

Регистрирани 102 нови случаи на ковид-19, 99 оздравени и пет починати лица

Во последните 24 часа се направени 1.356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Освен тоа, починати се пет лица во изминатото деноноќие, а во истиот период регистрирани се 99 оздравени пациенти. Најмладиот починат пациент е од Прилеп и е на возраст од 48 години.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот“, информираат во министерството.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.