Проверка на факти Регионот против дезинформациите: Пак за војските, паравојските и НАТО

Регионот против дезинформациите: Пак за војските, паравојските и НАТО

Албанскиот сервис за проверка на фактите „Фактоје“ во својата најнова анализа ја проверува вистинитоста изјавата на министерката за одбрана Олта Џачка дека 14 отсто од албанските војници во мисии во странство се жени. Истрагата на Фактоје, која вклучувала анализа на официјални документи добиени од Министерството за одбрана, утврдила дека Џачка кажала невистина, односно дека процентот на жени во мировни мисии бил само 5 отсто, а не 14 отсто.

Српскиот сервис за проверка на фактите „Раскрикавање“ анализирал текст на српскиот весник „Телеграф“ во кој имало тврдење дека Лондон побарал повлекување на НАТО силите од Косово „со што би ги оставил Србите во Косово на милост и немилост“. Весникот се повикувал на лондонскиот весник „Гардијан“.

Новинарот од „Раскрикавање“ го анализирал текстот во британскиот весник на кој се повикувал српскиот весник и утврдил дека во него не се наведува потврда дека Лондон побарал повлекување од Косово, туку дека само имало анализирање на состојбите со НАТО на Косово и изведување повеќе можни решенија од страна на воен аналитичар, кој никако не може да се поврзе со официјален Лондон.