Свет Балкан Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај уапсен во Франција

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај уапсен во Франција

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен премиер, Рамуш Харадинај, бил уапсен денеска во Франција по потерница од Србија, јавуваат светските медиуми.

Официјална потврда за апсењето на Харадинај сè уште нема од министерството за правда на Косово, но информацијата за косовските медиуми ја потврдило неговото семејство.

Косовските медиуми јавија дека Харадинај е уапсен врз основа на меѓународна потерница издадена од Србија и дека се наоѓа во притвор во Франција.

Србија го обвинува Харадинај за убиства и за тешки злосторства на Косово во 1998 и во 1999 година.