Свет Балкан Рама во Трст облече костум, ама и бели патики

Рама во Трст облече костум, ама и бели патики

Албанскиот премиер Еди Рама на самитот Западен Балкан – ЕУ во италијанскиот град Трст се појави во „полежерно“ издание.

На самитот на високо ниво, кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес, Рама се појави во костум и во спортски бели патики од познатиот бренд „адидас“.

Ова не е првпат Рама да се појави во „лежерна“ варијанта на поголеми дипломатски средби. Тој минатиот месец на неформалната вечера, која шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја организираше со премиерите од Западен Балкан, се појави во долна тренирка, спортска маица, патики и во сако.