Свет Прва жртва на шумските пожари во Калифорнија

Прва жртва на шумските пожари во Калифорнија

Жена чие што тело е пронајдено на местотот на сообраќајката на пат по кој се вршела евакуација во Јужна Калифорнија е првата потврдена жртва во серијата шумски пожари во оваа сојузна држава на САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите во кои изгореа најмалку 500 куќи, а евакуирани се повеќе од 212.000 жители. Се очекува разгорување на пожарите поради силните пустински ветришта што го засилуваат огнот. Се очекува тие утре да дуваат со уште поголема брзина.

Пожари има во Сан Диего, северно од Лос Анџелес и во Санта Барбара. Повредени се најмалку шестмина граѓани и четири пожарникари.

Гувернерот на Калифорнија ќе го посети округот Вентура, каде беснее најголемиот од шесте пожари.

Пожарите ги гаснат 8.700 пожарникари, меѓу кои и волонтери од соседните држави.