Економија Просечната нето-плата во март изнесувала 22.445 денари

Просечната нето-плата во март изнесувала 22.445 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 изнесувала 22.445 денари, а бруто-платата изнесувала 32.999 денари објави Државниот завод за статистика.

Просечната плата во март била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец лани.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 проценти), рударство и вадење на камен (7,2 проценти) и уметност, забава и рекреација (6,7 проценти).

Во март 2017 година, 1,3 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.