вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: сектори | 25 резултати

Просечната месечна нето-плата во април изнесувала 24.785 денари

јуни 21, 2019

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, во април изнесува 24.785 денари и е за 3,5 проценти повисока од истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата пак е 36. 796 денари и е зголемена за 4,8 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите […]

Индустриското производство зголемено за 5 проценти во однос на лани

октомври 30, 2018

Индустриското производство, во првите девет месеци годинава, е зголемено за пет проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во септември зголемувањето изнесувало 4,5 проценти во однос на истиот месец лани. Индустриското производство е зголемено во секторот рударство и вадење на камен од 4,7  проценти, во преработувачка индустрија има пораст од 3,6 […]

Просечната нето-плата во декември изнесувала 23.850 денари

февруари 22, 2018

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,8 отсто), преработувачка индустрија (9,3 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна […]

Пад на индустриското производство од 5,3 проценти во август во однос на лани

септември 29, 2017

Индустриското производство во периодот јануари – август 2017 година, во однос на истиот период лани, бележи мал пад од 0,01 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во август, тоа намалување изнесува 5,3 проценти во однос на истиот месец лани. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август во однос на истиот месец […]

МЗШВ исплати 125 милиони денари субвенции за земјоделците

септември 18, 2017

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство исплати околу 125 милиони денари субвенции за земјоделство, известуваат од таму. Најголемиот дел или околу 61 милиони денари се субвенции за дополнителна финансиска поддршка за сертифициран семенски материјал, 35 милиони денари за субвенција за литар предадено млеко, повеќе од 17 милиони денари се субвенции за предаден зеленчук во преработувачки капацитети. […]

Просечната нето-плата во март изнесувала 22.445 денари

мај 22, 2017

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 изнесувала 22.445 денари, а бруто-платата изнесувала 32.999 денари објави Државниот завод за статистика. Просечната плата во март била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите финансиски дејности […]

Индустриското производство до ноември годинава поголемо за 3,4 проценти во однос на лани

декември 28, 2016

Индустриското производство во ноември во однос на истиот месец лани бележи намалување за 4,9 процени, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во првите 11 месеци од годинава, пак, производството е поголемо за 3,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во истиот период, […]

Индустриското производство во октомври помало за 3,6 проценти во однос на лани

ноември 29, 2016

Индустриското производство во октомври, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање за 3,6 проценти, а во првите десет месеци годинава во однос на тој период лани има зголемување за 4,4 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во октомври, во однос на истиот месец лани, […]

Нивото на вкупните кредити се намали за 697 милиони денари во јули

септември 26, 2016

Кредитната активност во јули и понатаму се намалува на месечна основа за 0,3 проценти, но значително послабо во однос на претходниот месец, покажува најновиот извештај на Народна банка. Падот кај кредитите на приватниот сектор главно е резултат на регулаторните промени. „Годишната стапка на пораст на вкупните кредити, на крајот на јули, изнесува 3 проценти, додека без ефектот од регулаторните промени таа изнесува 8,2 проценти и […]

Индустријата со пораст од 10,4 отсто во првите 7 месеци годинава во споредба со лани

септември 15, 2016

Во јули годинава во споредба со истиот месец лани, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување од 3,5 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Прометот од јануари до јули е зголемен за 10,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство […]

БДП се зголеми за 2,2 отсто во второто тримесечје

септември 9, 2016

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за второто тримесечје годинава изнесува 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите градежништво, од 31 процент, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, од 11,5 проценти, и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и […]

6.687 слободни работни места во вториот квартал од годината

септември 2, 2016

Во вториот квартал годинава во Македонија се регистрирани 6.687 слободни работни места, објави Државниот завод за статистика. Најголем број слободни работни места, односно 2.398, има за работници во услужни дејности и во продажба. Најмала е стапката на слободни работни места во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што изнесува 0,1 отсто. Деловните субјекти […]

Се зголемува кредитирањето на населението, а се намалува на фирмите

јули 13, 2016

Банките одобриле повеќе кредити на населението, а кредитирањето на корпоративниот сектор во април и во мај било намалено, информираат од Народна банка. – Стагнацијата на кредитите во еден дел е одраз на отписот на достасани, ненаплатени побарувања, во согласност со одлуката на НБРМ донесена во декември 2015 година, но веројатно е и реакција на неизвесниот […]

Прометот во индустријата во првиот квартал е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани

јуни 15, 2016

Прометот во индустријата во првиот квартал од годината е поголем за 11 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата во април е поголем за 15,7 проценти во однос на истиот месец лани. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април годинава во однос на истиот месец лани бележи […]

Бројот на работници во индустријата поголем за 1,6 проценти во однос на лани

мај 31, 2016

Бројот на работници во индустријата во првиот квартал од годината е поголем за 1,6 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во април 2016 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст од 2,3 проценти, во секторот преработувачка индустрија има […]

Индустриското производство зголемено за 8,7 проценти во однос на лани

мај 30, 2016

Индустриското производство во првиот квартал од годината е зголемено за 8,7 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во април во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 10,2 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 9,4 проценти, […]

Странските компании ги откажуваат посетите поради кризата

мај 9, 2016

За компаниите во преработувачката, металната и во електроиндустријата, влијанието на кризата се чувствува во откажувањето на веќе договорени и прецизирани датуми за посети од странски компании. Странските компании од овие сектори, кои имале цел да ги посетат наши компании, дa ги разгледаат капацитетите и да прецизираат детали за склучување нови договори за наредниот период, ги […]

Повеќе од 26 проценти од работниците во компаниите се непријавени

февруари 24, 2016

Повеќе од 26 проценти од работниците што работат во компаниите се непријавени. Најмногу ги има во секторите земјоделство, градежништво, транспорт, хотели, ресторани, трговија и услуги, претежно во мали и во средни бизниси. Ова беше истакнато денеска на потпишувањето на Меморандумот меѓу претставници на Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавци, Бизнис-конфедерацијата, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата […]

Минималната плата ќе се зголеми од 1 јануари

декември 24, 2015

Од 1 јанури ќе се зголеми минималната плата, а како што истакна премиерот Никола Груевски, тоа е реализација на уште едно ветување дадено пред граѓаните. – Од 1 јануари 2016 година ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности, освен во текстилната и во кожарската индустрија, каде зголемувањето ќе биде […]

Прометот во индустријата на домашниот пазар бележи пад

декември 16, 2015

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври годинава, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 3,4 проценти, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,3 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во октомври 2015 година, во однос на […]

Страна 1 од 2