Дописници Промоција на дела за македонската историја во Корча, Албанија

Промоција на дела за македонската историја во Корча, Албанија

Денеска попладне, во библотеката „Тими Митко“ во Корча, Албанија, ќе се одржи промоција на книгата „Македонско-австралиски народен сојуз 1946-1958“ од македонскиот иселеник Ицо Најдовски-Перин.

Исто така, ќе биде промовирана и книгата „Кратка историја на македонскиот народ“ од авторот Спасе Мазенковски, кој живее во селото Леска, Општина Пустец.

Промоцијата на книгите ја организира  Македонскиот културен центар „Сонце“.