Главна секција Претседателот Иванов ќе им се обрати на граѓаните во 16.30 часот

Претседателот Иванов ќе им се обрати на граѓаните во 16.30 часот

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во 16.30 часот, ќе се обрати на граѓаните на Македонија, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

Се очекува Иванов да се произнесе во однос на тоа дали ќе му го додели мандат за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада.

Во понеделникот, Заев му ги предаде на Иванов собраните потписи и кажа дека очекува да му се врачи мандатот во најкус можен рок.