fbpx

Заев: Имам 67 потписи, очекувам Иванов во најкус можен рок да ми го врачи мандатот

-

Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание, кои гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, кому ги предаде собраните потписи.

– Овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред, во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска, очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најкус можен рок за да може да почнеме преговори за создавање и за формирање нова влада за граѓаните на Република Македонија – рече Заев.

Лидерот на СДСМ, кој кај Иванов пристигна придружуван од Радмила Шекеринска и од Оливер Спасовски, порача дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...