Македонија Претпладне сончево, попладне облачно

Претпладне сончево, попладне облачно

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне облачноста ќе се зголемува. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 4 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура од 2 до 20 Целзиусови степени.