Македонија Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и со грмежи

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд и со грмежи

Денеска времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса која ќе предизвика нестабилно време со поројни врнежи од дожд и со појава на грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме.

Утринската температура се движи од 16 до 23 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 31 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 8.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне нестабилно со дожд и појава на грмежи. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Утре, како што најавуваат синоптичарите, ќе преовладува променливо и посвежо време со локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, која ќе се движи од 21 до 29 Целзиусови степени.