Свет Балкан Престрелка меѓу полицијата и криумчари на северот на Косово, уапсени се пет...

Престрелка меѓу полицијата и криумчари на северот на Косово, уапсени се пет лица

Во оваа акција биле запленети четири автомобили кои биле инволвирани во конкретниот случај, при што на еден од нив е пронајдена количина цигари за кои постои сомневање дека се шверцувале преку илегални патишта од Србија

Фото: Косовска полиција

Уапсени се пет лица осомничени за шверц на стока и напад на службено лице, додека еден осомничен успеал да избегне апсење и заминал во непознат правец. Во оваа акција биле запленети четири автомобили кои биле инволвирани во конкретниот случај, при што на еден од нив е пронајдена количина цигари за кои постои сомневање дека се шверцувале преку илегални патишта од Србија, соопштија денеска косовската шолиција.

„Косовската полиција, поточно Граничната полиција, во рамките на борбата за спречување и сузбивање на незаконските акти, а особено на шверцот, ги засили тактичките и оперативните контроли на терен. Како резултат на полициските активности во граничниот појас, на 11.08.2023 година околу 03:20 часот по сознанија со кои располага полицијата реагирала во село Ковач (Фаркетартар), подрачје на одговорност на Гранична полициска станица-Јасеновиќ“, наведено е во официјалното соопштение.

Од полицијата додаваат дека со цел да се стави ситуацијата под контрола, да се избегне понатамошен напад и да се елиминира секаква евентуална опасност за полициските службеници, употребена е службена опрема, поточно огнено оружје од страна на полициските службеници инволвирани во овој случај.

На местото на настанот пристигнале сите надлежни единици. Случајот го водат истражителите од Регионалната дирекција Север, во координација со други надлежни органи.