Македонија Пратеникот Стефан Богоев ќе биде кандидат за градоначалник на СДСМ во Карпош

Пратеникот Стефан Богоев ќе биде кандидат за градоначалник на СДСМ во Карпош

Пратеникот Стефан Богоев и претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија официјално ќе биде кандидат за градоначалник во општина Карпош на претстојните локални избори.

Веста за кандидатурата на Богоев, на социјалната мрежа „Фејсбук“, ја сподели потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски, кој неодамна беше назначен за в.д. директор на Агенцијата за млади и спорт.

„Промените во Карпош одамна се на повидок. Промените во Карпош се реалност што се случува секојдневно. Карпош конечно ќе блесне во оној сјај како што заслужува затоа што другарот Стефан Богоев од 15 октомври ќе ја преземе палката на општината! Карпошани повеќе не треба да се грижат за иднината на својата општина“, напиша Каевски.