Галерија Пожарот во фабриката „Треска“ се гасне, затворена улицата Рузвелтова

Пожарот во фабриката „Треска“ се гасне, затворена улицата Рузвелтова [Галерија]

Од пожарот во напуштената фабрика „Треска“ во центарот на Скопје на 14 април, 2022 г. | Фото: Мета.мк

Поради големиот пожар што зафати хали на поранешната фабрика за мебел „Треска“, полицијата ја затвори и улицата „Рузвелтова“.

Засега не се зафатени куќи, според репортерот на „Мета“ на терен гори само во халите, а таму се слушаат потпукнувања од запалените предмети. На терен се противпожарни екипи, кои се обидуваат да го локализираат пожарот да не се прошири на другите објекти во „Треска“.

Пожар во фабриката изби и на крајот на септември минатата година, за што Мета.мк веќе известуваше..

Плацот на поранешната фабрика е дел од нов ДУП, за кој сè уште се провлекуваат контроверзи, а активистите алармираат дека тој дел би можел да се „бетонира“ односно да никнат нови згради.