Македонија Пожар во светиниколско, го гаснат хеликоптери на МВР

Пожар во светиниколско, го гаснат хеликоптери на МВР

Постои опасност пожарот да зафати неколку викендички и куќи кои се наоѓаат во близина каде што гори тревата, рекоа од ЦУК

фото: Центар за управување со кризи (ЦУК)

Пожар на сува трева и ниска вегетација се појавил денеска околу пладне во Кривчева река, во непосредна близина на Свети Николе, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Во негово гаснење учествуваат два хеликоптера на МВР, а постои опасност пожарот да зафати неколку викендички и куќи кои се наоѓаат во близина каде што гори тревата.

Од ЦУК претходно соопштија дека е изгаснат пожарот во близина на Штип, кој синоќа беше локализиран, но утрово повторно се активирал.