Свет Европа Повеќе од еден милион потписи на петицијата против посета на Трамп на...

Повеќе од еден милион потписи на петицијата против посета на Трамп на Лондон

Повеќе од еден милион граѓани на Велика Британија се потпишаа на петицијата против официјална државничка посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија и средба со кралицата Елизабета Втора.

Бројот на лица што се потпишуваат на петцијата постојано се зголемува, откако Трамп на 27 јануари го потпиша указот со кој им за забранува влез во САД на државјани на седум земји со мнозинско муслиманско население.

„На Доналд Трамп треба да му биде дозволено да влезе во Обединетото Кралство во својство на шеф на владата на САД, но не треба да биде поканет во официјална државничка посета бидејќи тоа би ја посрамотило нејзиното височество, кралицата. Документираната мизогинија и вулгарност на Доналд Трамп го дискфалификуваат од можноста да биде примен од нејзиното височество кралицата или од принцот од Велс. Поради тоа, за време на неговото претседателство, Доналд Трамп не треба да биде канет во Велка Британија во официјлна државничка посета“, стои во образложението на петицијата, чиј иницијатор е Греам Гест, адвокат од Лидс.

Британската премиерка Тереза Меј посетата на Трамп на Лондон ја најави за време на нејзиниот престој во Вашингтон и средбата со американскиот претседател, во петокот минатата недела.

Од Даунинг стрит, како што пренесува „Би-би-си“, ги одбиле повициите за откажување на посетата на Трамп, оценувајќи ги како „популистички гест“.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, пак, ја повикал Меј да ја откаже посетата на Трамп.