Главна секција Потврдени 36 новозаразени, оздравени 13 и еден починат пациент од корона вирусот

Потврдени 36 новозаразени, оздравени 13 и еден починат пациент од корона вирусот

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

Тетово: 12
Скопје: 7
Велес: 6
Куманово: 4
Прилеп: 4
Гостивар: 1
Пехчево 1
Берово: 1

Регистрирани се и 13 оздравени пациенти, од кои 6 во Скопје, двајца во Куманово, и по еден во градовите Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Пехчево и Виница.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај, соопштуваат од Министерството за здравство.

Досега во земјата направени се вкупно 18.821 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани во земјата е 1.622. Од вирусот закрепнаа 1.112, а почина 91 лице. Бројот на активни случаи е 419.