Главна секција Потврдени 33 нови случаи со Ковид-19, оздравени 22 пациенти, почина едно лице

Потврдени 33 нови случаи со Ковид-19, оздравени 22 пациенти, почина едно лице

Министерството за здравство информира дека денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја се искачи на 1.572. Во изминатово деноноќие од Ковид-19 почина едно лице на 70-годишна возраст од Велес.

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 22 оздравени пациенти во: Скопје-2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани-2.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.