Главна секција Потпишани меморандуми за грчка поддршка за ЕУ реформите и подобро сообраќајно поврзување

Потпишани меморандуми за грчка поддршка за ЕУ реформите и подобро сообраќајно поврзување

На седницата на Високиот Совет за соработка меѓу Северна Македонија и Грција во владата денеска, премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, го потпишаа Акцискиот план за зголемување на соработката, според Договорот од Преспа, а министри од двете влади потпишаа низа важни меморандуми.

Како што известија од Владата, министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, го потпишале Договорот за одбранбена соработка на двете министерства, кој меѓу другото подразбира и контрола на македонскиот воздушен простор од авиони на грчкото воено воздухопловство. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи со алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Атанасија Анагнастопулу, потпишале Меморандум за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и МНР на Грција за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и Кристос Спирцис, министер за инфракструктура и транспорт на Грција, потпишаале Меморандум за разбирање за соработка помеѓу двете министерства, но и Меморандум за разбирање за развој на патот и железничката врска Солун-Скопје-Табановце.

Како конкретни чекори од развојот на соработката, потпишана е спогодбата за нов граничен премин меѓу Мајдан, кавадаречко, и Промахона во Грција.