Економија Потпишан договор за железничката пруга Атина-Будимпешта

Потпишан договор за железничката пруга Атина-Будимпешта

Премиерите на Македонија, Србија, Унарија и на НР Кина, денеска на Самитот во Белград потпишаа договор за изградба и за реконструкција на брза железничката пруга која ќе ја поврзе Атина со Будимпешта.

Надградената пруга на оваа железничка линија е важен момент за соработката меѓу Европска Унија и Кина, особено зашто со неа ќе се овозможи побрз транспорт на кинески производи од пристаништата во Грција во Европа.

Изградбата на пругата, која ќе чини 2,89 милијарди долари, треба да биде завршена за две години.