Свет Свет Поранешниот бразилски претседател обвинет за корупција и за перење пари

Поранешниот бразилски претседател обвинет за корупција и за перење пари

Федералните обвинители во Бразил ги обвинија поранешниот претседател Луис Инасиј Лула да Силва и неговата сопруга за корупција и за перење пари, јавуваат локалните медиуми.

Обвинувањата се поврзани со обемната истрага за корупција во државниот нафтен гигант „Петробрас“.

Полицијата минатиот месец даде препораки за поднесување обвиненија против поранешниот престедател.

Во врска со случајот „Петробрас“, против Лула да Силва ќе биде поведена судска постапка поради опструирање на правдата.