Македонија Попоски до Павлопулос: Испочитувајте ја пресудата од Меѓународниот суд, па зборувајте за...

Попоски до Павлопулос: Испочитувајте ја пресудата од Меѓународниот суд, па зборувајте за право

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, ѝ порача на Грција дека треба ја спроведе пресудата на Меѓуродниот суд на правдата, па потоа да говори за почитување на европското и на меѓународното право.

– За воопшто да се говори за почитување на европското право од грчка страна, за почеток е добро да се удостои пресудата од Меѓународниот суд на правдата од 2011 година. Без тоа, секое споменување на правото е саммодемантирање – рече вчеравечер Попоски, како реакција на говорот на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Претседателот на Грција, од Воден, на денот на ослободувањето на градот, уште еднаш отворено посочи дека Македонија била, е и ќе остане грчка. Тој ѝ порача на македонската влада да ги напушти иредентистичките тенденции ако сака земјата да се интегрира во Европската Унија.

– Присвојувањето имиња значи иредентизам и го прекршува европското право и поради ова нема шанси нашите соседи да се интегрираат во Европската Унија, бидејќи не ги исполнуваат ни условите од европското право. Ова јасно го истакнуваме затоа што сакаме добрососедски односи и пријателство. Меѓутоа, тоа може да постои само со почитување на историјата и на институциите на Европа – истакна Павлопулос.