Македонија Помош од македонскиот Црвен крст за настраданите во земјотресот во Италија

Помош од македонскиот Црвен крст за настраданите во земјотресот во Италија

Македонскиот Црвен крст му понудил помош на италијанскиот Црвен крст за поефикасно справување со последиците од земјотресот во делот на спроведување на спасувачки акции.

Од Црвениот крст на Република Македонија соопштуваат дека се подготвени во наредниот период да упатат хуманитарна помош во парични средства во Фондот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, наменети за помош и за поддршка на настраданото население во Централна Италија.

„Сите заинтересирани граѓани и правни субјекти можат да се приклучат кон оваа активност со уплата на парични средства во Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Македонија на сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка АД Скопје, со назнака: Донација за настраданите од земјотресот во Италија, почнувајќи од денеска до 9 септември годинава. Исто така, секој заинтересиран граѓанин, почнувајќи од 30 авгсут до 9 септември, годинава може со повик на телефоните 075/070/077 143 400 да донира 100 денари“, соопштуваат од Црвениот крст на Република Македонија.