Свет Европа Полска бара оставки од лидерите на Европската комисија

Полска бара оставки од лидерите на Европската комисија

Раководството на Европската комисија треба да поднесе оставка затоа што не успеа и не можеше да го зачува единството на ЕУ, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Витолд Вашчиковски, додавајќи дека одлуката на Британците да излезат од Унијата е доказ за неуспехот на лидерите во Брисел.

– Се прашуваме дали ова раководство на ЕК, кое само пред еден месец ги повика политичарите да престанат да ги слушаат гласачите, има право да продолжи да функционира и да раководи со Европа. Според наше мислење – нема. Кога во политиката ќе пропадне еден политички проект – во случајов политичкиот проект за зачувување на европското единство – задолжително треба да се променат правилата на играта или да им се даде можност на нови политичари да го подобрат проектот – порача Вашчиковски.

Полскиот министер оцени дека треба дел од ингеренциите на Европската комисија да се префрлат во надлежност на Европскиот совет, кој, како што рече, е сочинет од „политичари кои имаат демократски мандат“.