Економија Половина од населението се соочува со ризик да стане сиромашно

Половина од населението се соочува со ризик да стане сиромашно

Речиси половина од македонските граѓани (43,2 проценти) се соочуваат со ризик да станат сиромашни, покажува најновиот извештај на статистичкото биро на Европската унија, Евростат.

Со удел од 43,2 проценти, ризикот од сиромаштија и од социјална ексклузија во Македонија е поголем од сите други држави во Европа.

Во Европа, 24,4 проценти од популацијата, односно 122,3 милиони луѓе, во 2014 година биле соочени со висок ризик на сиромаштија и со социјална ексклузија.