Свет Балкан Полицијата се судри со бегалците на Лезбос

Полицијата се судри со бегалците на Лезбос

Група од околу 1.000 нерегистрирани бегалци, повеќето од Авганистан, се судриле со полицијата и со припадниците на грчката крајбрежна стража, обидувајќи се да влезат на траектот на островот Лезбос, јавуваат грчките медиуми.

Странските агенции јавуваат дека полицијата се судрила со околу 200 бегалци.

Полицијата со солзавец ги растерала бегалците, кои претходно фрлале камења и извикувале „Атина, Атина!“, обидувајќи се да се качат на траектот „Блу стар 1“.

Лезбос е еден од грчките острови на кои пристигаат илјадници бегалци и мигранти, преминувајќи од Турција во пренатоварени чамци, во надеж дека ќе стигнат до Западна Европа.