Македонија Полицијата вчера во Скопје казнила 374 возачи, од кои 92 за пречекорена...

Полицијата вчера во Скопје казнила 374 возачи, од кои 92 за пречекорена брзина

Извор на фотографија: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 374 санкции, информираат од МВР.

Полицијата вчера казнила 24 лица кои возеле без возачка дозвола, а изречени се и 92 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, како и 16 прекршоци за технички неисправни и нерегистрирани возила. Воедно санкционирани се 27 мотоциклисти.

Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 107 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 16 санкции кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот,“ истануваат од МВР.