Главна секција Почна клучната лидерска средба со Хан во Пржино

Почна клучната лидерска средба со Хан во Пржино

Почна лидерската средба на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино во резиденцијата на ЕУ со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која присуствуваат и американскиoт амбасадор Џес Бејли и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.

Партиите треба да се договорат околу законот за влада со кој е предвидено поставувањето министри и заменици-министри од СДСМ во преодната влада, законите за свиркачите, мораториум за „бомбите“, како и за анкетната комисија која пред неколку недели требаше да се формира во Собранието и на која требаше да се разговара за прислушуваните материјали и за нивната содржина.

Средбата се очекува да трае до доцните вечерни часови.

Претходно, лидерите на политичките партии имаа билатерални средби со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Од неофицијални извори дознаваме дека ако вечерва се постигне договор, сите закони утре ќе се гласаат во Собрание.