Свет Европа Седумгодишното момче кое се водеше за исчезнато во нападот во Барселона починало

Седумгодишното момче кое се водеше за исчезнато во нападот во Барселона починало

Седумгодишното момче од Австралија, Џулијан Кадмен кое се водеше за исчезнато за време на терористичкиот напад во Барселона, денеска починало во болницата каде што се лекувало, јавуваат светските медиуми.

Дедото на Џулијан, Тони Кадмен од Сиднеј на неговиот фејсбук-профил напиша дека неговиот внук Џулијан исчезнал, а неговата мајка е во болница во тешка, но стабилна состојба.

Каталонската полиција од друга страна соопшти дека момчето никогаш не го третирале за исчезнато, туку дека имале увид во неговата состојба и местото каде се наоѓа.

Во нападот во Барселона на 17 август, кога комби влета на улицата Ла Рамбла, починаа 18 лица, а 100 беа повредени.