недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: исчезнато | 10 резултати

Полицијата го пронајде исчезнатото девојче од Гази Баба

јануари 29, 2017

Петнаесетгодишното девојче од Скопје кое било пријавено за исчезнато, било пронајдено и предадено на родителите, информираат од МВР. Во вчерашниот билтен на полицијата пишуваше дека исчезнувањето на девојчето во полициската станица Гази Баба било пријавено од страна на нејзината сестра, според која, девојчето отишло на училиште и не се вратило дома.

Петнаесетгодишно девојче од Гази Баба заминало на училиште и не се вратило

јануари 28, 2017

Во полициската станица во Гази Баба, М.Н. (20) од Скопје пријавила дека на 27 јануари, во 6 часот, од дома во непознат правец се оддалечила нејзината петнаесетгодишна сестра. Таа, според пријавителката, отишла на училиште и не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исчезнало 13-годишно девојче од Штипско

јануари 25, 2017

Девојче од штипското село Шашаварлија вчера е пријавено за исчезнато, откако не се вратило дома од училиште. Случајот во полициската станица во Штип го пријавил нејзиниот татко. Тој рекол дека неговата 13-годишна ќерка, вчера, во 6.30 часот, со комбито за ученици заминала на училиште, но кога комбито по завршувањето на смената се вратило, девојчето не […]

Шеснаесетгодишно девојче исчезнало во Велес

септември 17, 2016

Вчера во полициската станица во Велес, С.Р. (41) од село Кочилари пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот нејзината 16-годишна ќерка излегла од средното училиште во Велес помеѓу часовите на голем одмор, по што не се вратила. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето.

Детето што беше пријавено за исчезнато во Прилеп, пронајдено удавено во канал за вода

февруари 4, 2016

Двегодишното момче што вчера беше пријавено за исчезнато во полициската станица во Прилеп, утрово било пронајдено мртво во канал за вода во населбата Тризла во градот. – Вчера, околу 15.30 часот, родителите на двегодишниот Омер Н. пријавиле дека детето исчезнало. Потрагата по него траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело е пронајдено околу 6.30 часот од […]

Двегодишно дете пријавено за исчезнато во Прилеп

февруари 4, 2016

Двегодишно дете вчеравечер било пријавено за исчезнато во полициската станица во Прилеп. Како што инфромираат од МВР, вчера околу 19.30 часот, во полициската станица во Прилеп, 52-годишната С.А. од градот пријавила дека истиот ден, околу 15 часот, од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот двегодишен внук. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на детето.

Страна 1 од 1